Вечерва свечена академија по повод 82 години од ослободувањето на Охрид

Продолжува празничната програма по повод 82 години од ослободувањето на Охрид.
Вечерва од 17:00 часот ќе се одржи Свечена приредба по повод патрониот празник на ДГ „Јасна Ристеска“ во СРЦ „Билајнини извори“. Од 18:00 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Шепотот на езерото“ од Стефанија Бакулеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“, а од 19:00 часот, во Младински центар во Охрид ќе биде промовирана самостојната изложба „Охрид во моето срце низ очите на татко и син“ од фотографот Петар Паунче- Скитник. Промотор ќе биде Никола Митровиќ- Бабе.
Централниот настан, Свечена академија по повод 82 годишнината од ослободувањето на Охрид, ќе се одржи на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“, од 19:00 часот. Предвидено е обраќање на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и музичко-сценски перформанс.


Утре ќе се одржи 6. Општинско првенство во шах (10:30 часот), а во периодот од 10:00 до 11:00 часот ќе се одржи „Ohrrid Fly Festival“ – регионален параглајдинг перформанс. Од 11:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе во спомен паркот на револуцијата. Во 17:00 часот во Прличевата одаја ќе биде промовирана книгата „Охридски книжевни критичари“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски.
Годинашните свечености ќе бидат заокружени со изложбата „Охрид – светско наследство низ објективот“ на Фото клуб Охрид.









