Свечена академија „Од идеја до независност“ ќе се одржи вечерва по повод 23-ти Октомври

Свечената академија „Од идеја до независност“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:00 часот на малата сцена во НУ ЦК „Григор Прличев“, во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
На академијата најавено е обраќање на претставник на Општина Охрид и настап на актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, етно групата Дамар, солистките Билјана Буџакоска и Исабела Димоска, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф. Перчо Божиновски, учениците од ООУ „Григор Прличев“ под менторство на Гордана Никлеска, Благоја Шикоски, женски хор Акордис и охридски детски хор Бамбино.
На денот на празникот утрото ќе биде положено свежо цвеќе на бистите на револуционерите во Градскиот парк, а вечерта со почеток во 19:00 часот ќе биде промовирана книгата „Калдрма“ од м-р Никола Митровиќ Бабе, во Форт Кафе. Промотори на делото се Сашо Нелоски – новинар и проф. д-р Зоран Тунтев.
Општина Охрид ги поканува сите граѓани да бидат дел од свеченостите организирани по повод 23 Октомври, празник што го симболизира стремежот за слобода, самостојност и национално достоинство.




