Во свечена атмосфера доделени дипломите на ФТУ
Коруноски додава дека Факултетот за туризам и угостителство соодветно на квалитетот што го нуди и во кризни времиња успева секој нареден циклус да го исполни со нови студенти.
Во свечена атмосфера, како надоврзување на чествувањето на патронот на градот и Факултетот за туризам и угостителство, денес околу 200 студенти ги добија своите дипломи.
На традиционалната свеченост за доделување на дипломите, деканот на факултетот, проф. Д-р Сашо Коруноски, на веќе завршените студенти им кажа дека Факултетот за туризам и угостителство со реномето кое секојдневно го надоградува им дава квалификации со кои секаде би можеле да пронајдат вработување.
„Она што можам да им препорачам на дипломираните веќе студенти, тоа ќе биде и еден од главните акценти, да продолжат да се образуваат. Ако порано беше образованието сведено на неколку години денес можам да кажам дека образовниот циклус свушност се поклопува со животниот циклус на човекот и тоа ќе биде поттикот да не застанат тука, туку да продолжат, да истражуваат, затоа што смислата на животот е во образованието и знаењето.“-вели проф. д-р Сашо Коруноски-Декан на ФТУ
Деканот Коруноски вели дека на новите студенти факултетот им нуди квалитет, пријатна атмосфера, можност да одат на размена во странство и високопризнаени квалификации и се разбира препознатливите студиски програми, но и некои новини.
„Туризам се разбира, онаа стандардна веќе светски признаена, осигурување, царина и шпедиција, но и онаа студиска програма гастрономија, исхрана и диететика која што е сега многу актуелна на прв циклус, но и на втор циклус за прв пат сега запишуваме и со гордост можам да објавам, од оваа година почнавме да ги запишуваме докторските студии по Болоњски систем, единствена институција во Македонија што нуди докторски студии од туризам, тоа е Факултетот за туризам и угостителство.“-рече Коруноски.
Тој додава дека чинот на завршување е поврзан со чинот на запишување на нови студенти и дека Факултетот за туризам и угостителство соодветно на квалитетот кој го нуди, дури ни во кризни времиња не оскудува со новозапишани студенти на секој нареден циклус на студии.
{loadposition content9}