Skip to main content

СОСУ Св Кирил и Методиј Охрид

Свечено на Долни Сарај доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св Кирил и Методиј“

На свеченоста свое обраќање имаше и директорот на училиштето Ристе Јанкоски кој на матурантите им посака успех во иднина.
 |  инфодеск  | 
дипломи средно економско

Со пригодна свеченост на сцената од Долни Сарај, вечерва беа доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Во име на Општина Охрид за постигнатитот успех им честиташе советничката Ана Крстеска.

Историјата на Македонија укажува на тоа дека постоеле луѓе кои не се откажуваат, кои оделе по потешкиот пат само за направат нешто добро за Државата. Вашите способности за напорна работа, Вашата интелегенција, образованието кое ќе го стекнете, Ви даваат уникатен статус во општеството, бидејќи токму Вие сте супер силата на нашето општество. И доколку го искористите Вашиот глас да им помогнете на безгласните, Вашата сила за да им помогнете на немоќните, горди на Вас нема да бидат само родителите, туку сите оние на кои сте успеале да им помогнете. Не е потребна магија за да се направат промени во светот. Потребната енергија за промени ја носиме во нас самите.“, им порача советничката Крстеска.

На свеченоста свое обраќање имаше и директорот на училиштето Ристе Јанкоски кој на матурантите им посака успех во иднина. Во рамки на свеченоста беа доделени и посебни плакети за значаен успех и  придонес за афирмација на училиштето.