Skip to main content

По повод Светскиот ден на книгата и авторското право

Свеченост посветена на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Во градската библиотека денеска ќе бидат избрани најчитателите во двата оддели – за деца и за возрасни, а на над 30 охриѓани и граѓани од цела земја ќе им бидат врачени благодарници за донации на книги.
 |  инфодеск  | 
светски ден на книгата

Во чест на 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година, денеска напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи традиционалната свеченост посветена на книгата.

Овој датум е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор: Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

Во градската библиотека денеска ќе бидат избрани најчитателите во двата оддели – за деца и за возрасни, а на над 30 охриѓани и граѓани од цела земја ќе им бидат врачени благодарници за книгите кои во текот на 2022 година ги донирале во Библиотеката.

На Светскиот ден на книгата ќе бидат соопштени најчитаните автори и наслови од домашната и светска книжевна продукција.