Skip to main content

Свечено доделени дипломите на завршените студенти од прв и втор циклус на ФТУ

Свечено доделени дипломите на завршените студенти од прв и втор циклус на ФТУ.

 |  Валентина Неловска  | 
диплома

На охридскиот факултет за туризам и угостителство на свечена церемонија денес  им беа доделени  дипломите на  завршените студенти од првиот и вториот циклус од студиските програми.
Весна Коцевска ја прими дипломата за магистер по туризам и угостителство .Коцевкс авлеи дек аи чест да биде дел од туристичката дејнсот кој ја врши и можноста да го  надогради своето образование. Младата магистерка по туризма и угоститеслво не ги крие и своит еидни планови во својата професија.

дипломци„ Идните планови ми се поврзани со повеќе активности на полето на туризмот во Охрид и Македонија“, истакна Коцевска.

Муса Далип  е истои така еден од дипломиранит естуденти на ФТУ на студскат група осигурување. И Далип во своите планови поврзани со  професионлната ориентација  се гледа дома.

„Нормално дека иднината ја гледам во Македонија. Плановите за магистратура се да продолжам овде, но останува да видиме како ќе се одвиваат работите“, дополнува Далип.

Цветко Андреевски , декан на ФТУ напомена дека денсе се промовираа 68 дипломирани студенти од првиот циклус и 18 студенти од 2 втроиот циклус од сите студиски програми.

дипломци„Свечен чин кога ги доделуваме дипломите и за последен пат се гледаме со нашите досегашни студенти. Добро е чувството дека сме им помогнале да дојдат до високо образование и стекнат знаење и вештини кои понатака ќе  ги користат  во животот“, вели Андреевски.


Деканот Андреевски истакна дека ова е последната генерација со  3 годишни студии и дека од наредната академска година  во сите студиски групи ќе се запишуваат 4 годишни студии со 240 кредити.  Деканот информира  квотите за упис на нови студенти се уште не се познати.  Од факултетот   до крајот на месецов  очекуваат ресорното министерство да даде согласност  за да ги објават конкурсите за упис кои ќе се организираат  во средината на август.