Свечено подигнато официјалното знаме на општина Охрид
Свечено подигнато официјалното знаме на општина Охрид.
Пред општина Охрид се вее ново знаме. По препорака на Унеско Локалната самоуправа изработи нов грб и знаме со обележја карактеристични за градот без симболите на Унеско.
„ Следеше постапката со која ние ангажиравме професионална асоцијација како што е македонското хералдичко здружение.Тие изработија неколку верзии како што налагаат нивните правила.
Знаме кое ќе ги задоволи основните духовни, традиционални, природни и културни вредности и обележја на градот Охрид.
Ова знаме кое го подигаме е изгласано на седница од мнозинството советници.
На пладне присуствувавме на свечениот чин на кој го подигаме официјалното знаме на општина Охрид во кое доминираат основните бои кои се облежје на Охрид, сината и белата“, кажа на свечениот чин градоначалникот Никола Бакрачески.
Општина Охрид за две недели очекува да го добие и новиот грб.
{loadposition content9}