Skip to main content

Швеѓани ќе ни ги расчистуваат некомерцијалните плажи

Акцијата ќе ја спроведат волонтерите на Црвениот крст заедно со Јавното претпријатие Охридски комуналец и Лајонс клубот од Гетеборг, Шведска во текот на утрешниот ден.

 |  Мишел Наумоски  | 
plazi
плажи

Волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст заедно со претставници од ЈП „Билјанини извори“ и Лајонс клубот од Гетеборг-Шведска ќе ги расчистуваат некомерцијалните плажи. Нивната еко-акција ќе се спроведува во текот на утрешниот ден, а ќе опфати повеќе плажи кои немаат концесионери, а ќе се започне со расчистување на пределот на Грашница, како и другите плажи каде што вирее трската.

cistenje grasnica„Ваквата иницијатива или поттикот да го направиме ова е како резултат на непријатната слика и присутниот смет на плажите кој несоодветно и несовесно завршува на истите, односно најчесто на некомерцијалните плажи кои ги имаме во нашиот град, а кои би можеле да бидат добро искористени од сите оние плажари кои доаѓаат да уживаат на бреговите на Охридското Езеро. Во нашата акција, волонтерите од Клубот на Млади ќе бидат активно вклучени во една организирана, претходно добро осмислена акција за расчистување на сметот односно ѓубрето кое е затекната на самото место.“-вели Младен Божиновски од Црвениот крст од Охрид.

plazi bez koncesionerБожиновски вели дека оние плажи кои не ќе можат да ги расчистуваат од копно, ќе ги чистат со помош на чамците од спасителната служба. Инаку утрешната акција е всушност продолжение на акцијата за расчистување која вчера ја спровеле волонтерите на Црвениот крст од Охрид.

„Сликата која ја затекнавме не беше баш сјајна. Изненадувачки имаше ѓубре или смет кој доста долго време бил присутен тука. Се нашол во езерото или на плажата, езерото го исфрлило. Така да имавме доста работа, полни раце работа да кажам, но сепак продолжуваме понатака со оваа иницијатива.“-рече Божиновски.

Еко акцијата за расчистување на некомерцијалните плажи е отворена акција. Сите кои сакаат да помогнат и да земат учество во истата, треба утре во 8 часот наутро да бидат на зборното место кај градскиот стадион „Грашница“ и да го дадат својот придонес во расчистување на плажите.

{loadposition content9}