Skip to main content

Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10 часот

Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а чинот на полагањето ќе го изврши Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
 |  инфодеск  | 

Денес богослужбите во охридските парохиски цркви започнаа во 7 часот наутро. Оваа година Свети Литургии со почеток во 8:15ч. ќе се одржат во четири парохиски цркви; Успение на Пресвета Богородица – Каменско, Св. Никола- Геракомија, Св. Никола- Долна Влашка Мала и Св. Георгија- Горна Влашка Мала. Литијата кон градското пристаниште ќе се упати во 9:45 часот. Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а чинот на полагањето ќе го изврши Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

По церемонијата за осветување на водите од Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, на градскиот плоштад е предвидена богата музичка програма. Свои настапи ќе имаат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.