Skip to main content

Светиот крст во рацете на Митко Топенчаров

Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и  државава  и неколкуте гости капачи од странство.

 |   | 
mitko
Митко Топенчаров (2009)

mitko

Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и  државава  и неколкуте гости капачи од странство. Оваа година крстот ќе му носи среќа на Митко, неговото семејство но и на целиот христијански свет. Топенчаров по петти пат го фаќа крстот на Водици.

Околу 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Vodici
Со церемонијата на осветувањето на езерските води чиноначалствуваше митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј во сослужение на високи правосвештеници.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

{loadposition content9}