Skip to main content

Света архиерејска Литургија по повод Преображение Христово во Струга

На 19 август 2026 година (среда), во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија.
 |  инфодеск  | 

Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците на празнувањето на Светото Преображение на Господ Исус Христос.

По тој повод, на 19 август 2026 година (среда), во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија.

Со Литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Од Дебарско-кичевската епархија ги повикуваат сите верници да земат молитвено учество во одбележувањето на големиот христијански празник.