Skip to main content

Света преподобна маченица Параскева – Света Петка

Денес е света преподобна маченица Параскева Римска. Одбележувањето на овој христијански празник во Охридскиот регион посебно се чествува во селото Велгошти. Вчера и денес над 20 000 верници го посетија храмот на Св Петка, се помолија за здравје, среќа и љубов, запалија свеќа и се измија од светата црковна вода.

 |  Николоска Биљана  | 
sv petka
св петка

Над 20 000 веници се поклонија пред иконата на Св Петка во Велгошти. Луѓето од сите страни на светот дојдоа во истоимената црква за да се помолат за здравје, среќа и љубов. Посетеноста на црквата од страна на верниците го обединуваат македонскиот народ, изјавија дел од верниците.

sv petkaЗа значението на празникот зборуваше свештеникот Никола Кипријанов. Тој појасна дека празникот Св Петка во Велгошти се слави многу одамна и дека култот кој овој празник е голем.

„Значението на оваа света маченица Параскева е што овој свет манастир постои во нејзина чест и спомен. Родена е во Рим иначе се вика великомаченица Римјанка. Нивните родители биле побожни значи таа била монахиња проповедала од место на место и има многу храмови во нејзина чест. Таа била гонета и главата и била пресечена затоа се вели дека била маченица“.

Храмовите на Св Петка во земјава се познати по тоа што во нивниот атар има вода за која се верува дека е лековите. Во црквата во Велгошти се верува дека лековитата вода им помага на сите кои имаат проблеми со очите. Исто така секој петок се служи и света литурија. Инаку велгоштани празникот Св Петка започнаа да го одбележуваат уште од вчера. Богата трпеза има во секој дом. Не ретко ќе слушнете од мештаните добредојдовте, повелете и дома. А празничниот амбиент го надополни традиционалниот панаѓур, како и македонската музика која ечеше од сите страни.

{loadposition content9}