Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
Се слави на 22 март, тоа е празник на пролетта па така младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината.
За Младенци се врзуваат многубројни обичаи, уште од минатото. На овој ден, жените станувале рано и меселе 40 колачиња, кои симболизираат долг, благ и среќен живот. Колачињата ги печеле и премачкувале со мед. Гостите што доаѓаат во домот на венчаните со подароци е модерен обичај. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите што биле повикани на свадбата. Иако е традиционално Младенци да се прославуваат дома, во последно време ваквите прослави се префрлаат во рестораните. Порано гостите не се канеле, бидејќи се знаело дека треба да дојдат и уште со самото влегување во домот било обичај да се покаже куќата, соба по соба. Денес гостите се канат, и најчесто листите се куси, ама затоа пак некогашното послужување со колачиња сега е заменето со гозба и кафански менија.
Младенци се посветени на споменот на страдањето на светите 40 војници што во 320 година преминале во христијанството, и покрај забраната на царот. Сите биле војници во римската војска и верувале во Исус Христос. Поради својата вера, овие војници најнапред се бичувани, на главата им биле ставени венци со кои ги овенчале со Христовата љубов, а потоа ги удавиле. Венците и денес имаат три симболики. Царски венци – секој човек е цар во своето мало царство, односно во својот дом, маченички венци, зашто во бракот треба да се поднесува и жртвувањето, и венци на бесмртната слава – онаа, во царството на Исус Христос. Со ова се укажува дека брачните партнери треба да бидат верни, и дека верноста и љубовта никакво искушување не смее да ги совлада.
Младенци се посветени на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј преминале во христијанството и покрај исклучителната забрана на царот.Овој празник во црквениот календар е обележан со црни букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ.
Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“, па затоа штом ќе станете погледнете надвор и ќе дознаете каква време не очекува оваа пролет.Ако биде сончево, пред нас е убаво време и многу сонце, се до летото, а ако паѓа дожд, дува ветер и временските прилики не се добри, пред нас е турбулентен периот.
Затоа погледнете низ прозорец, доколку силно се насмеете и имате позитивни мисли, се верува дека невестата може да ги растери и облаците. Затоа насмевка на лице и верба дека се ќе биде добро.