Skip to main content

СРД „Св. Апостол Петар“ : Езерото не е зрело за стопански риболов

Државата не е способна да го заштити рибниот фонд, па затоа грижата ја препушти на приватен субјект, забележува Радован Димитриевски, претседателот на спортското риболовно друштво  Св. „Апостол Петар“.

 |  Николоска Биљана  | 
Dimitrievski
Димитриевски

Борбата на спортските риболовци за Охридското Езеро продолжува. Претседателот на срд Св. Апостол Петар, Радован Димитриески вели дека конечно надлажните признаа и докажаа дека не се способни да го заштитат рибниот фонд на Охридското Езеро. Додава дека тоа е единствената причина поради која езерото е издадено под концесија.

Radovan Dimitrievski„Надлежните институции кои требаше досега да ги спречат рибокрадците на успеаа во тоа и сега за да не се фрли вината на нив пред изборната кампања тие по секој случај го дадоа езерото на концесија, која според риболовната основа која е предвидена да се спроведе ќе го уништи езерото за наредните 50 години.“-вели претседателот на СРД „Свети Апостол Петар“, Радован Димитриевски.

Димитриески повторно укажа дека издавањето на езерото под концесија се судрило со многу противења од граѓанскиот сектор,  според анализите кои ги правеле тие. Но, според него, вината лежи во одлуката на Владата.

„Мене не ми е јасно како тоа Владата вложи некаде 6 милиони евра за заштита и за вештачкиот мрест и сега му дозволува на некој за 33 илјади евра да го уништува рибниот фонд.“-рече Димитриевски.

Дел од вината Димитриески ја префрла и на експертите кои ја изработиле риболовната основа каде е нагласено дека Охридското Езеро не е зрело за издавање под концесија, а сега истите тие даваат контрадикторни изјави . Претседателот на спортските риболовци вели дека не се предаваат и дека сеуште не е изгубена нивната битка за стопирање на стопанскиот риболов како и за заштита на Охридскот Езеро.

{loadposition content9}