Skip to main content

Светиот крст во охридските води годинава ќе го положи Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан

Светиот крст во водите на Охридското Езеро годинава ќе го положи Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, стои во објавата од Здружението Богојавление – Водици.
 |  инфодеск  | 

Светиот крст во водите на Охридското Езеро годинава ќе го положи Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, стои во објавата од Здружението Богојавление – Водици.

– За радост на градот Охрид и сите охриѓани, оваа година за првпат водосветот и положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде извршено од страна на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, стои во објавата.

Во меѓувреме во сите парохиски цркви во Охрид веќе започна пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од најмасовната културно-верска манифестација кај нас Богојавление Водици. И годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство.