Светна населбата Далјан
Жителите од населбата Далјан, вчера покажаа висока еколошка свест.
Жителите од населбата Далјан, вчера покажаа висока еколошка свест. Во акцијатат за расчистување на потегот од поранешната стара зграда на морнарицата , плажата и училишниот двор се вклучиле 50 граѓани. Со заеднички сили екологистите го светнаа Далјан. На јавниот повик преку медиумите и социјалните мрежи се одѕвале 30 возрасни и 20 деца на возраст од 7 до 15 години. Во расчистувањето на натрупаниот смет на лоаклните депонии низ населбата им помогнале и 5-мина вработени од Комуналец. Биле исчистени и одвезени четири камиони со смет.
Ова е втора акција во која жителите се вклучиле, но многу помасовно од претходната. Жителите од Далјан планираат да не застанат само на овие две акции туку да преземат и други активности за уредување на нивната населба.
Ова е навистина еден убав пример за еколошко однесување на граѓаните и во останатите населби во градот. Охрид да биде град без локални депонии и со граѓани кои ќе имаат висока еколошка свест за животната средина.
{loadposition content9}