Светнаа спомен плочите на ослободителите на Охрид
Засадени зимзелени дрвца и светнати спомен плочи во Спомен паркот на паднатите борци.
Засадени зимзелени дрвца и светнати плочи во Спомен паркот на паднатите борци. Ова се активностите кои здружението „Брег на младоста“ ги организираше вчера, во знак на одбележување на 7-ми Ноември, ден на ослободувањето на градот. 50-тина членови на возраст од 10 до 60 години, од различен пол и етничка припадност, учествуваа во акцијата за расчистување на просторот во знак на благодарност и сеќавање на борците кои пред 68 години ги положија своите животи за слободата на својата земја, вели Љупчо Милкоски, претседател на Надзорниот одбор на здружението „Брег на младоста“.
„ Загинаа за слободата, за генерациите кои дeнес го уживаме и дишеме слободарскиoт дух на овие млaди луѓе кои не оставија поколенија, но го оставија својот живот за целокупното поколение и за човештвото во целина, а се бореа против најголемото зло во 2-та Светска војна, фашизмот“, напоменува Милкоски.
Уредувањето на спомен паркот што се случи вчера беше само една понудена можност за избор на волонтерската работа и акција, вредности кои треба да се негуваат, кажува Милкоски.
„Тоa е еден вид вежбање на вредностите, сплотеноста во давањето можности за да се согледаат вредностите. Она што човекот може да го даде, мал дел од своите можности и моќ за нешто што ќе е за сите, за заедницата, за општеството“.
Покрај уредувањето на спомен паркот на паднатите борци, членовите од Здружението „Брег на младоста“, го исчистија и споменикот на вечниот дом на писателот Ванчо Николески. Овој наш сограѓанин книжевниот опус го посвети на антифашистичката борба и тешкотиите при градењето на земјата. Двата, вчерашни настани беа симболично поврзување на слободарскиот дух на престојниот празник 7-ми Ноември.
{loadposition content9}