Skip to main content

Млади и спорт

Светски ден на физичката активност

Физичката активност придонесува во градењето на позитивните вредности и на лидерските вештини. На децата им требаат услови, да спортуваат.
 |  Голабовски Крсте  | 
Ксенија

Денес во Општинското Основно Училиште „Св.Климент Охридски“, со завршниот турнир во баскет од оваа сезона во рамките на училишните спортски лиги, помеѓу кошаркарките на основните училишта Св.Климент Охридски и Христо узунов, се одбележа, Светскиот ден на физичка активност. Младите подготвени за големиот натпревар, а кошарката за нив несомнонено, омилениот спорт, за кој одвојоуваат голем дел од своето слободно време. На спортскиот терен ривали, но и големи другари.

„Денеска сум дојдена тука за турнирот кој се одржува во кошарка во „Св.Климент Охридски“.Со кошарка започнав да се занимавам бидејќи ми се допадна спортот, активно се занимавам две години.- вели Сара Трајческа – 9 одделение ОУ „Христо Узунов“.

„Јас денеска дојдов тука бидејќи ме биваше за кошарка, , наставникот ме зеде, се забавуваме тука со другарите. Со кошарка се занимавам веќе четири години. Играм во ГК„Охрид“ во прва постава на позиција плејмејкер“.0,32” – вели Јован Ангелскоски – 8 одделние ОУ „Григор Прличев“.

„Тренирам кошарка две години, го прифатив спортот, ме интересира.„Тренираме кошарка во ГК „Охрид“, – рече Ксенија Димоска -9 одделение ОУ „Св.Климент Охридски“.

Зголемувањето на физичката активност е општествен, а не само индивидуален проблем. Затоа, таа бара, мулти-секторски, мулти-дисциплинарен, и културно релевантен пристап. Релевантните институции и заедниците да преземат акции со кои на што поголем број поединци ќе им овозможат да бидат физички активни. Политиките за зголемување на физичката активност имаат за цел да обезбедат промовирање на физички активности прилагодливи на секојдневниот живот, како што се пешачење, велосипедизам, создавање услови за физичка активност на работното место, обезбедување на простор и објекти во кои учениците и студентите ќе можат да го поминуваат слободното време активно, спортски и рекреативни објекти за спортување.

„Од минатаата година во соработка со Сојузот за училишен спорт од Охрид ги возобновивме училишните спортски лиги во сите спортови, со кои се опфатени учениците од сите училишта на територијата на Општина Охрид.Издвојуваме значителен број средства за проектот за ангажирање на тандем наставници по Физичко и здравствено образование за петто одделение, кои не се опфатени со законот за основно образование и за кој не беше предвиден посебен наставен кадар за часовите по физичко образование”, посочи Кирил Пецаков – Градоначалник Општина Охрид.

Физичката активност влијае и на психолошката состојба кај младите луѓе, затоа што го намалува ризикот од анксиозност и депресија, помага во социјалниот развој затоа што дава можности за самоизразување, градење на самодоверба, социјална интеракција и интеграција, создава здрави навики како што се на пример, избегнување на тутун, алкохол и дрога со што дава подобри резултати на училиште.

„Начинот на живот кој го имаме многу повеќе ги оттуѓува луѓето, пред се младите, се затвораат во еден нивен сопствен свет. Спортот е тој којшто може најмногу да дорпринесе во нивна социјализација, поврзување помеѓу себе. така да практикувањето на спортот којн и да е кај децата може многу повеќе да се запознаат да комуницираат и нормално да се поведри, повесели, понасмеани и да се оттргнат од негативните пороци. Не само алкохолот и дрогата туку и овие модерни болести кои денешницата ги носи и она што во нашето опкружување ни се случува а тоа е пред се заради начинот на живот кој се води“ , – вели Јоне Станкоски – раководител на Секторот за спорт, млади и НВО при Општина Охрид.

Физичката активност им помага на младите луѓе да развијат здрави мускулноскелетни ткива како коските, мускулите и зглобовите, здрав кардиоваскуларен систем, срцето и белите дробови, координација и контрола на движење и одржување на здрава телесна тежина.Земјите членки на СЗО се усогласија за намалување на недоволната физичка активност за 10% до 2025 година.