Светски ден на културното наследство
Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина , Галерија на икони, Музеј на вода во Градиште денеска беа бесплатно отворени за сите љубители на културата и културното наследство. Под мотото „Дојди, посети, истражи“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид го одбележа Светскиот ден на културното наследство, кој е признат од ИКОМОС , а е поддржан од УНЕСКО.
„Многу интересно. Јас сум од Австралија и јас сум многу среќна дека можам да го посетам и да ја откријам Македонската култура.
„Лично како граѓанин на Охрид, родена овде и живеам овде, би сакала да ја поздаравам оваа иницијатива на Завод и Музеј од охрид, за можноста да ги видиме убавините на Охрид, нашето културно наследство, историјата, но и како претставник на Црвениот Крст од Охрид да упатам благодарност за можноста да се посетат подружниците за групите кои доаѓаат од целиот свет во посета на Црвениот крст од Охрид.
„Јас го ценам културното наследство, и овој ден е прилика да ги посетам музеите во Охрид, – велат посетителите.
Кога се спроведуваат акции каде влезот во подружниците е бесплатен, тогаш бројот на локалните посетители и туристите од земјава е вообичаено поголем. Странските туристи, се редовни и знаат што сакаат да видат. Но потребна е поголема промоција на движното и недвижно културно наследство со кое располагаме кај нашите посетители. Тоа најдобро може да го направиме ако започнеме со запознавање со карактеристиките на културното наследство кое ни е на располагање, уште од најмали нозе, од училишните клупи, вели директорката на охридскиот Завод и музеј, Катерина Велкоска.
„Од објектите коишто се во наша надлежност, галеријата на икони е со најмала посетоност, од страна на локалното население, а е од светски ранг, на ниво со Третјаковската галерија, збирката на икони во Синајскиот манастир, на Атос.„Би било добра идеја посетеноста на галеријата на икони да биде вклучена, како во програма во образовниот процес“ вели, Катерина Велкоска – директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.
Овогодинешната тема за Светскиот ден на наследството во 2023 година е „Промени на наследството“, која се фокусира на суштинското прашање за климатските активности и нејзината поврзаност со зачувувањето на културното наследство. Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) тврди дека темата за промени во наследството, исто така, носи можност да се разговара и да се решат празнините во учењето за традиционалните системи на знаење во однос на справувањето со климатските промени. Темата, исто така, се фокусира на тоа како да се користи културното наследство за да се поддржи заштитата на ранливите заедници додека се однесува на Декадата за акција на ОН.