Skip to main content

Фармацевтите се значаен сегмент во здравствениот систем

Светски ден нa фармацевтите, луѓето одговорни за осигурување на правата на пациентите, давање на вистинскиот лек во вистинската доза како и индивидуална посветеност на секој пациент. Најголемите грешки кои денес ги прават пациентите се купување и употреба на  лекови со консултација на интернет.
 |  инфодеск  | 

Фармацевтите се мошне значаен сегмент во здравствениот систем одговорни за осигурување на правата на пациентите, давање на вистинскиот лек во вистинската доза како и индивидуална посветеност на секој пациент.Еден од најголемите предизвици со кои денес се соочува фармацевската фела е  обемната административна работа која им  се налага, а со  тоа се скратува времето да им се обрне внимание за совет и фармацевтска грижа кон пациентите.

Друг предизвик е тоа што системот за електронски лекови соодветно  не работи, а со тоа самите доктори не можат да ја препишат а фармацевтите не може да ја издадат соодветната терапија.

„ Една од причините која што ме поттикна да изберам точно оваа професија е желбата да се помогне на луѓето во делот на изборот на лекови, нивната индикација, контраиндикација, секако интеракциите кои што би можеле да настанат, а најголема желба ми беше онај истражувачки дел кој што е во фармацијата и секако производството на лековите и медицинските препарати. 00:49 , фармацефтите сме едни уникатни, така би се нарекла јас,  со познавање во голем дел од области на фармакологијата, терапиите,  така што изборот на лекови кои што треба да го изберат самите пациенти,  да им помогреме во тој дел, секој како и давањето на адеквантна терапија  е малку  специфична, во тој дел треба да знаеме што точно би избрале  и секој како да знаеме кои се можните контраиндикацији  со другите лекови кои што ги пиат самите пациенти  и секој како интеракциите кои што би можеле да настанат, лек-лек, лек-храна, не дај  Боже, алкохол- лек кој што не е дозволен.“- вели Снежана Блажеска Настовски фармацевт.

Најголемите грешки кои денес ги прават пациентите се  купување и употреба на  лекови со консултација на Интернет. Лажни лекови претставени како чудотворни денес се  продаваат на социјалните мрежи, но пациентите не смеат да купуваат на своја рака, советуваат фармацевтите.

„Најголемата грешка која што ја прават самите пациенти е несоодветната информација  која што ја добиваат од различни интернет пребарувачи, која што секако јас кажувам дека е забранета заради тоа што информација можат да дадат докторите и самите ние фармацевти. Со наша препорака и со наши совети почнува да стануваат свесни  дека некои лекови не смеат да ги земат на своја рака,  секако заради тоа што би предизвикувало опасност по нивното здравје.“-додава Настовски.

На Светскиот ден на фармацевтите се потсетуваме дека, фармацевтите се здравствени професионалци кои имаат значителна улога во обезбедувањето на ефикасна грижа за пациентите. Тие имаат знаења и вештини кои овозможуваат унапредување на јавното здравје преку соодветно информирање на пациентите за терапијата што ја примаат, давање на совети и промовирање на фармацевтската грижа на сите нивоа на здравствената заштита.

Новинар Соња Рилквоска