Skip to main content

Градска библиотека охрид

Светски ден на книгата и авторското право

Во пресрет на 23-ти април Светскиот ден на книгата и авторското право, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од утре 20-ти април од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.
 |  инфодеск  | 
Градска библиотека

Од утре 20-ти април НУ Библиотека „Григор Прличев“ од затворен преминува во отворен тип. Ова доаѓа во пресрет на 23-ти прил Светскиот ден на книгата и авторското право.

Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот – информираат од Градската Библиотека.

Читална библиотека

Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели. Работното време на Библиотеката со читатели останува исто од понеделник до петок од 8.30 до 18.30 часот.

На 26-ти април, вторник во 12 часот, во чест на Светскиот ден на книгата на посебен настан во библиотеката ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година. Во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги – додаваат оттаму.

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени во рамките на настанот.