Skip to main content

Денес е светски ден на срцето кој е посветен на децата

Денес е светски ден на срцето кој е посветен на децата, односно на развивањето на свеста за значењето на кардио-васкуларните заболувања и кај најмладите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
merenje pritisok
мерење притисок

Заборавете на брзата храна, чипсот, слатките задоволства, а сетете се на подзаборавениот зеленчук и овошје ако сакате да имате здраво срце. Секако тука е и физичката активност барем половина час дневно како и намалувањето на стресот. Овие се препораките на докторите за да се заштитиме од кардиоваскуларните заболувања. Но и покрај укажувањата на лекарите и натаму расте стапката на смртност од кардиоваскуларни болести. Лани 60% од сите смртни случаи во државава се препишуваат на сметка на овој вид на заболувања, што е за 3 проценти повеќе во споредба со 2007-ма. И во Охрид состојбата не е сјајана. За разлика од минатата година процентот на заболени од срцевосадови заболувања е зголемен за речиси 10, вели Д-р Даниела Мисоска-Пендова од интерното одделение при општата болница во Охрид.deca

Една од главните цели на здравствените власти, според лекарите, треба да биде намалување на трендот на дебелеење кај децата и младите. Освен редовната физичка активност, клучен фактор за заштита од срцеви заболувања е правилната исхрана. Во таа насока е и идејата за затворање на киосците со брза храна во близина на училиштата. Но засега активностите во тој правец се сведени само на делење брошури и повремени работилници во основните и средните училишта.

Инаку од кардиоваскуларни болести во светот годишно умираат 17,3 милиони луѓе. Лекарите проценуваат дека до 2030, годишно од срцев или мозочен удар ќе умираат над 23 милиони луѓе.  Затоа ве потсетуваме на неколку важни совети во врска со одржување на здравјето на кардио -васкуларниот систем.

– Јадете што повеќе риба за здрав циркулаторен систем

– 1 чаша црвено вино секој втор ден е корисно за срцето

– За здрави крвни садови редовно користете мали количини чоколадо

– Редовно внесувајте омега 3 масни киселини

– Не пијте алкохол во големи количини, алкохолот предизвикува хипертензија

– Пијте секојдневно по една чашка какао

– Јадете секој ден овошје и зеленчук

{loadposition content9}