Skip to main content

Светски компании присутни на СРЦ Билјанини извори со Тим билдинг настани

СРЦ Билјанини извори се попривлечен за познати светски компании кои организираат Тим билдинг настани. Од спортскиот центар покрај привлекување на спортски клубови за зимски подготовки во Охрид паралелно работат и на привлекување фирми кои со спортско рекреативни активности надвор од компаниите ги јакнат врските помеѓу вработените. Салата е реновирана , а јавното претпријатие е  подготвено да придонесе за што поголем развој на спортскиот туризам во градот. 

 |  Валентина Неловска  | 

СРЦ Билјанини извори е избор за одржување на тренинзи за професионалните спортисти , но се поатрактивен станува и за спортистите рекреативци. Познати светски компании го избираат охридскиот спортски центар за организирање Тим билдинг настани за своите вработени. Така од крајот на август до ноември оваа година на терените на СРЦ Билјанини извори спортувале околу 2000 рекреативци кои оствариле 5000 ноќевања во охридските хотели, информира Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар. Во изминативе месеци , надвор од туристичката сезона, на нашите терени престојуваа гости од 26 европски земји и од Канада. Тие се натпреваруваа во неколку дисциплини како фубал, тенис, кошарка, а се одржа и европско првенство на мажуретки , напоменува Јованоска. Досега интерес за да ги користат спортските терени пројавиле 15 фудбалски екипи напоменува Јованоска. Амбициите на центрот се паралелно привлекување и на професионалните спортисти и на рекреативци.

„Интерес има за зимските подготовки, се јавуваат од охридските хотели и од хотел Дрим од Струга. Ние ќе продолжиме да работиме со спортски екипи , но во 2019 ќе се насочиме паралено и на привлекување на спортски екипи и на Тим билдинг настани кој се актуелни. Спорстките екипи доаѓаат во зимскиот период, а Тим билдинг се организираат надвор од туристичката сезона. Се зачленивме на страниците на Бизнис Македонија каде што се прикажуват 500 фирми од земјава и светот, “нагласува Јованоска за плановите на ЈП.

Спортските екипи кои претсојуваат во Охрид се задоволни не само од климатските услови на поднебјето туку и од нашите спортски терени и спортската сала, напоменува Јованоска. Таа кажува дека ги подобриле условите во спортската сала за да привлечат што повеќе екипи од разни спортски дисциплини.

„ Во спортската сала во летниот период го саниравме подот. Имавме проблем со паркетот кој беше оштетен и го саниравме. Поставивме нов паркет. Најголемото оштетување беше од подвижните кошеви. Сега ќе имаме јавна набавка за висечки кошеви кој ќе се користат за тренинзи и за спортската академија во Охрид. За да не се оштети паркетот и ќе трае минимум уште 15 години, напоменува Јованоска.


Од ЈП Билјанини извори нагласуваат дека постојано ќе работат на подобрување на условите за развој на спорскиот туризам на охридското крајбрежје. Во 2018 на терените на СРЦ Билјанини извори биле на поготовки бројни спортисти од регионот тука тренирале ракометни клубови од Хрватска и фудбалски екипи од Албанија и Србија.