Skip to main content

Светскиот ден на културната разновидност во УИНТ Охрид

Денес во Охрид со почеток во 12.00 часот во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи Програма за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Денес во Охрид со почеток во 12.00 часот во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи Програма за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност.

studentiВо рамките на програмата студентите и професорите од Универзитетот ќе ги претстават културите на своите земји. Програмата вклучува претставување на над 15 земји од Америка, Африка, Азија и Европа преку претставување на национални носии, национални кујни, изведување на традиционални песни и танци, претставување на главните карактеристики на државите и можност за фотографирање со студентите облечени во нивните традиционални национални носии.

Имајќи предвид дека на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ работат и студираат професори и студенти од повеќе од 40 држави, истиот претставува уникатна високообразовна установа со истакнат мултикултурен профил.