Светско првенство во шах за слепи лица
Охрид домаќин на 9-тото Светско првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица. На шаховското светско првенство ќе настапат 16 репрезентации од светот, со 150-тина шахисти и веле мајстори.
Во следните седум денови се очекуваат интересни и незаборавни партии помеѓу шаховските мајстори. Фаворити на годинешното првенство се Украинците, кои покрај војната успеаа да земат учество на ова значајно првенство.
Моментално нашите се рангирани на 10-тото место. Сега ќе се трудиме да го подобриме рејтингот. Успеавме да контактираме на некој начин со украинците. На нив, дел ќе им плати ИПСА, дел ние ќе ги сносиме трошоците, бидејќи таква е ситуацијта со Украина. Тие се едни од фаворитите за освојување на прво место – вели Благоја Мишовски, претседател на Националната спортска федерација на Македонија.
Шахот претставува своевиден симбол за животот, за животните борби и искушенија. Ова светско првенство ќе придонесе за дополнително афирмирање на шахот во нашата земја. Исто така, ќе биде дополнителен мотив за сите кои рекреативно или професионално се врзани за оваа древна игра, напиша претседателот Пендаровски во своето поздравно писмо до шахистите.
Шаховската игра во Македонија е тренд. Досега сме имале и претходно организација на еден ваков голем настан. Ова е втор настап. Деветто светско првенство, голема шанса за нашите шахисти, слепи и слабовидни лица, да покажат еден добар резулатат, со оглед на тоа што месеци претходно имавме два подготвителни кампа, еден во Неготино и Берово. Еве пред самиот настап кога треба да го презентираме она во што сме најдобри – вели Трајко Недев, селектор на репрезентацијата на слепи и слабовидни лица на Р.М.
Ова е 9-то Светско првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица, но втор настан од светски калибар во земјава. Имено, во 2017 година земјава беше домаќин на Олимпијадата во шах кога македонската репрезентација се пласира на 13-тото место.
Новинар : Соња Рилковска