Skip to main content

општина охрид

Свежо цвеќе во чест на Македонската револуционерна борба

Делегација на Општина Охрид положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.
 |  инфодеск  | 

Делегација на Општина Охрид предводена од раководители во локалната администрација, положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија и пратениците во македонското собрание, делегација од Сојузот на Борци  и останати претставници од политичкиот и општествениот живот од Охрид.