Свежо цвеќе за патронот и заштитник на градот Свети Климент Охридски
Православните христијани денес го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски, и големиот исцелител Свети Пантелејмон. Верниците синоќа во Св. Климентовиот храм на Плаошник , му оддадоа почит на заштитникот на Охрид. Денеска продолжуваат чествувањата по повод патронот на градот, Свети Климент летен.
Денес на градскиот плоштад Охрид, претставници од локалната самоуправа, претставници од Советот на општина Охрид, како и директорите на основното и средното училиште кое го носи името на светецот, се поклонија пред споменикот на Свети Климент. Делегациите положија свежо цвеќе пред заштитникот и патрон на градот, Свети Климент Охридски. Ова е само дел од настаните со кои годинава се одбележува големиот празник Свети Климент летен. Вечерва е вториот ден од Меѓународниот фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“ кој оваа година е подржан и финансиски помогнат од Локалната самоуправа и градоначалникот на Охрид. Централната фестивалска вечер се одржува вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.
{loadposition content9}