Skip to main content

Избор на членови на совет

Свикан Собир на граѓани за Урбана заедница Воска

Општина Охрид свикува Собир на граѓани за вршење избор на членови на Совет на урбана заедница 4, населба „Воска“.
 |  инфодеск  | 
Времен режим

На 20.06.2022 (понеделник) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница-4 „Воска“.

Урбана заедница – 4 „Воска“ го завзема најголем дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. „Бистрица”, од Запад река „Даљан”, од Север булевар „Туристичка” – клучка, и од Југ „Охридско Езеро”, реката „Грашница”.

Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните улици:

-ул. „Гоце Делчев” – од бр.231 до крај и од бр.252 до крај пресек со ул. „Бистрица”, ул. „Хаџи Мустафа” – дел, ул. „Бистрица”, ул. „Васил Стефоски” – дел, ул. „Шар Планина”, ул. „Никола Петров Русински”, ул. „Сатеска”, ул. „Мичо Гилиќ”, ул. „Трајче Трајчески”, ул. „Распаќе”.