Skip to main content

Општина Охрид

Свикана 12-та седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид ќе ја одржи 12-та седница на 8 јуни со почеток во 09 часот. На дневен ред на ова издание на седницата се 35 точки.
 |  Голабовски Крсте  | 
Седница Општина Охрид

Советот на Општина Охрид ќе ја одржи дванаесетата седница на 8 јуни со почеток во 09 часот. На дневен ред на ова издание на седницата се 35 точки.

Советниците треба да се произнесат по Предлог-одлуката за измена и дополнување на програмата за одржување и заштита на локални патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај за 2022 година. Потоа по Предлог-одлука за измена и дополнување на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година.

За Предлог-одлука за измена на развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2022 – 2024 година. На дневен ред е и Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2022 година.

Ќе се гласа и за Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на Општина Охрид за субвенционирање на новорегистрирани занаетчии и субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на Општина Охрид.

На дневен ред на ова издание на седницата на советот е и Предлог-одлука за партиципација и сопствено учество на Општина Охрид во проектот „Набавка на механизација за јавните комунални претпријатија во регионот“. Исто така советниците треба да гласаат и за Предлог-одлука за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во Општина Охрид.

Најголемиот дел од точките на дневниот ред се однесуваат на носење на урбанистичко-плански документации.