Советот на општина Охрид на ден 05.07.2024 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот ќе ја одржи четириесет и третата седница на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата предложен е следниот Дневен ред:
Усвојување на Записникот од 41-та седница и Записникот од 42-та седница
- Предлог-одлука за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување за 2024 година во ООУ „Ванчо Николески“ – с.Лескоец.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“- Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Братство Единство“- Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св. Наум Охридски“ с. Пештани – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Христо Узунов“ – Охрид за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на одлуката на Училишниот одбор за отпис и расходување на основни средства во сопственост на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Пазар“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменет годишен план за вработување за 2024 година на ЈП Билјанини извори Охрид.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за реализација на активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година (НА).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2024 година (Н2).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2024-2026 година (НБ).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2024 година (Т1).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2024-2026 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште во 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за други комунални услуги за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за јавно осветлување за 2024 година.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за давање согласност и овластување за потпишување на договори за грант.
- Предлог-одлука за поставување на станици за електрично полнење на автомобили.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за времено користење паркинг простор.
- Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на трибина на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ сопственост на општина Охрид на ЈП Билјанини извори Охрид.
- Предлог-одлука за отстапување дел од недвижен имот и опрема на времено користење на ЈП Билјанини извори Охрид.
- Предлог-одлука за изменување на одлуката за формирање Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2024-2026 година.
- Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.5209/1 КО Охрид 4.
- Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.9950/4, Кп.бр.9982/4, Кп.бр.9987/4 и Кп.бр.9991/3, сите во КО Охрид 2.
- Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.9115/1, Кп.бр.9116/5, Кп.бр.9116/6 и Кп.бр.9119/1 КО Охрид 2.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1.2 и ГП 1.3 во ДУП – измени и дополнување за населба „Радојца Новичиќ“ – Охрид, Блок детска градинка, општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.13 во ДУП за УЗ 2, дел од УБ 2.2 во КО Охрид 3, општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 12.1.40, ГП 12.1.41 и ГП 12.1.73 со основна класа на намени А2-домување во згради во ДУП за УЗ 12 Блок 12.1, општина Охрид (2010-2015).
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели ГП 13.2.28 и ГП 13.2.29 во ДУП за дел од УЗ 13 дел од УБ 13.2 – опфат 1 (улица „Будва“ и улица „Винковачка“) КО Охрид 4, општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 8.3.35, од ДУП за УЗ 8, УБ 8.3, општина Охрид.