Свикана 53-та седница на Советот на Општина Охрид
Советот на општина Охрид на 27-ми април, ќе ја одржи педесет и третата седница со почеток во 11,00 часот.
Советот на општина Охрид на 27-ми април, ќе ја одржи педесет и третата седница со почеток во 11,00 часот.
На ова издание на седницата на советот, градските избраници ќе распараваат во врска со Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2016 година.
Охридските советници ќе расправаат за предлог Одлуки за донесување на неколку Детални урбанистички планови, потоа за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2016 – 2018 за периодот од 01.01. – 31.03.2016 година, Извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација.
Меѓу другото, ќе се дискутира по Предлог Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на програмата за развој на југозападниот плански регион и тековното работење на центарот за развој, финансискиот извештај и годишните сметки за 2015 година.