Претседателот на Совет на Општина Охрид, Сашо Донев, за во вторник (29.08) ја свика триесет и првата седница на Советот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид со почеток во 09:00 часот.
На дневен ред се 88 точки меѓу кои најголем дел се однесуваат на образовниот процес во општинските основни и средни училишта како предлог одлуки за Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2023/2024, за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта во општина Охрид, годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на училиштата за предходната училишна година и Предлог-одлуки за усвојување на Годишната програма за работа училиштата за учебната 2023/2024 година.
На дневен ред пред советниците ќе се најдат и извештаите за работата на јавните претпријатија за периодот од 01.04. до 30.06. 2023 година и Предлог-oдлуки за давање согласност на годишниот план за вработување во јавните претпријатија за 2024 година.
Советниците ќе ги разгледаат и извештаите за реализацијата од страна на локалната администрација на одделни програми за периодот од 01.01. до 30.06.2023 година.
На дневен ред се и четри точки од областа на урбанистичкото планирање.