Skip to main content

општина охрид

Свикана втората седница на Советот на Општина Охрид

Втората седница на Советот ќе се одржи на ден 12.11.2025 година (среда) со почеток во 9 часот во зградата на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Свикана е втората седница на Советот на Општина Охрид на ден 12.11.2025 година (среда) со почеток во 9 часот, а ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата е предложен следниот дневен ред:

Усвојување на Записникот од првата конститутивна седница

  1. Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.
  2. Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.
  3. Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.
  4. Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.
  5. Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.
  6. Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.
  7. Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.
  8. Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.
  9. Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.
  10. Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
  11. Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.