Пради сѐ позачестените регистрирани пожари на подрачјето на СВР Охрид во кои е опожарена нискостеблеста вегетација, депонии, стрништа, СВР Охрид упатува апел до граѓаните, посебно до земјоделците и другите лица кои работат или се движат на отворен простор, да не палат огнови, од кои лесно и брзо може да избувнат пожари од големи размери и да предизвикаат значителна имотна и материјална штета. СВР Охрид потсетува дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни пријави.
-СВР Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема што може наменски да се користат за контрола, превентива и заштита на шумите од пожари, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем, вели портпаролот на секторот Стефан Димоски.
Со цел поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид на целото подрачје реализира работни средби со претставници на Противпожарните единици, на Шумската полиција и подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на јавните претпријатија „Национални шуми”, надлежните државни инспекторати, раководителите на Дирекциите за заштита и спасување и регионалните Центри за управување со кризи и на претставници од службите во локалните самоуправи.