На 15.07.2022 година, во СВР Охрид, лишен од слобода е П.Р.(35) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом, бил агресивен кон член на неговото семејство, го навредувал и му се заканувал.
На 15.07.2022 година, по претходна судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на И.Т.(47) од Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се едно пластично и три стаклени шишиња со течност и други предмети. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.07.2022 година, во СВР Охрид лишен од слобода е Б.А.(25) од Кичево, одговорно лице во угостителски објект во Охрид. Тој, претходно им се спротиставил на полициските службеници кои, со фонометар извршиле мерење на бучавост од гласна музика во објектот и констатирале бучавост од 79 децибели односно зголемување од максимално дозволената од 55 децибели. По целосно документирање на настанот, против одговорното и против правното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.