На 14.06.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Серафим Китаноски” во Охрид две лица биле нападнати од куче домашен миленик. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, жител на струшкото село Ташмаруништа, физички го нападнал 18 годишен охриѓанец. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.