Skip to main content

СВР Охрид: Физички напади, пријави и инциденти на „Партизанска“ и ГП „Св. Наум“

Во текот на изминатото деноноќие, СВР Охрид евидентираше случаи на физички напад, закани и спречување на службени лица при вршење службени дејствија.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

Во текот на изминатото деноноќие, СВР Охрид евидентираше случаи на физички напад, закани и спречување на службени лица при вршење службени дејствија.

На 10.05.2026 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 55-годишен жител на Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 18:00 часот во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид физички нападнал 40-годишен охриѓанец. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.05.2026 во 13:10 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 44-годишен жител на Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон 35-годишен охриѓанец. Лицето било спроведено во здравствена установа во Демир Хисар, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишно и 26-годишно лице од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 29.04.2026 околу 21:00 часот, на граничниот премин „Св. Наум“, при влез во државата, едно лице го нарушило јавниот ред и мир, а при обид на полициските службеници да го приведат, пријавените со физичка сила, туркање и агресивно однесување ги спречувале во извршување на службените дејствија.