Skip to main content

свр охрид

СВР Билтен: Лице повредено со остар предмет, кривична за бесправно градење

Нападнато 30 годишно лице со остар предмет, кривична пријава за сторено кривично дело бесправно градење
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

Вчера вечер во СВР Охрид е пријавено дека лице од село Слатино бил примен во Општата болница во Охрид со повреди од остар предмет. Тој во близина на спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев” во Охрид бил нападнат од две лица, кои со остар предмет му нанеле убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, – информираат од СВР Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишно лице од Охрид, кој на катарстарска парцела во охридското село Рамне, неовластено и без соодветна документација за градба, издадена од надлежен државен орган, започнал со градба на семејна куќа, информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.