Skip to main content

СВР Охрид

СВР Билтен: Охриѓанец ја нападнал невенчаната сопруга, одземена марихуана на „Железничка“

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 14.04.2025 во 09 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.04.2025 во 17.50 часот, при контрола извршена на отворен простор околу булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.