На 08.07.2024 година во 13.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ” со тетовски регистарски ознаки, додека се движело на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски” во Охрид, управувано од А.Р.(31) од Тетово. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 08.07.2024 година во 17.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, приведен е 32 годишен охриѓанец, кој претходно физички ги нападнал 28 годишно лице од Охрид и малолетничка од Македонски Брод. Тој бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.