Skip to main content

Охриѓанка пријавила дека нејзината малолетна внука била допирана по телото од 17-годишник од Битола

По целосно документирање на случајот, како што информираат од СВР Охрид, ќе следува соодветен поднесок.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 11.08.2026 година во 12:20 часот во СВР Охрид, 63-годишна жена од Охрид пријавила дека пред неколку дена, нејзината 12-годишна внука била допирана по телото од 17-годишник од Битола, со привремен престој во Охрид, кого го познавала.

Полициски службеници од СВР Охрид, во присуство на претставници од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Охрид, извршиле службен разговор со малолетникот.

По целосно документирање на случајот, како што информираат од СВР Охрид, ќе следува соодветен поднесок.