Денеска (06.06.) во 00,10 часот од страна на полициски службеници од ПС ОН Охрид, по претходно изготвен план, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после 24,00 часот, при што во еден објект било констатирано присуство на 17 годишен малолетник од Охрид. Составен е записник за констатиран прекршок по член 21 од ЗППЈРМ.
Денеска (06.06.) во 03:00ч. полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20 годишно лице од Охрид, а по претходна пријава од неговиот татко за семејно насилство во семејниот дом. Се работи за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.