31.05.2023 во 18 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато” со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, општина Желино.
„Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од селото Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген” се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. “- информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.