Skip to main content

СВР Охрид го одбележа 7 мај Денот на Македонската полиција

Полициски службеници на граѓаните од регионов им поделија пакети заштитна опрема. При ота ги потсетија граѓаните за задолжителната законска обврска и препораките за носење и користење заштитни маски како најпотребно средство во одбрана од Корона вирусот.

 |  Валентина Неловска  | 

СВР Охрид го одбележа 7 мај – Денот на македонската полиција со превентивна кампања. Посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштитата од ширењето на вирусот “COVID 19“ и придржување до одредбата за задолжително носење заштитни маски, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

„Претпладнево, на целото подрачје на СВР Охрид, во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар, полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици, поделија пакети заштитна опрема што опфаќа заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал“.

Во текот на превентивната кампања, полициските службеници, ги потсетија граѓаните за задолжителната законска обврска и препораките за носење и користење заштитни маски како најпотребно средство во одбрана од Корона вирусот. Укажаа за неопходноста од поседување и на останата заштитна опрема, држење на потребното меѓусебно растојание и секако на казнените одредби за непридржување до законските обврски, информира Димоски.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил објави видео спот по повод Денот на македонската полиција. Тој напиша дека видеото е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите кои се во првите редови со справувањето со пандемијата од коронавирусот.