Skip to main content

СВР Охрид со интензивни контроли кон сите возачи на моторни возила, а посебно кон возачите на моторцикли

При сообраќајни контроли извршени вчера (31.03.2026) од 11 до 17 часот, СВР Охрид, согласно членовите 297 и 300 од Кривичниот законик, одзеде три мопеди а против возачите ќе поднесе кривични пријави.
 |  инфодеск  | 
Полиција мотоциклисти

Со цел подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе ги интензивира контролите кон сите возачи на моторни возила а посебно кон возачите на моторцикли, мопеди, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли и према оние возачи кои, не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, ќе презема репресивни мерки согласно законските овластувања.
Од СВР Охрид потсетуваат дека согласно Кривичниот законик, управување моторни возила без положен возачки испит ќе се санкционира  согласно членот 297-А и возилата, во содејство со ОЈО-Охрид ќе се одземаат согласно член 300-Б по што, против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

Од секторот посочуваат дека при сообраќајните контроли извршени во изминатиот период, затекнати се малолетници и младинци како управавуваат мопеди и моторцикли без положен соодветен возачки испит и учествуваат во сообраќајот а неретко, поради невнимание предизвикале сообраќајни незгоди кои завршиле со смрт или тешки телесни повреди.

Поради тоа, со цел спречување на овие појави, апелираат до родителите или старателите во семејната заедница, како и од страна на наставниот кадар во средните и основните училишта, на младите лица да им се укаже на последиците од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, односно децата да не управуваат моторни возила, моторцикли и мопеди без да имаат положено возачки испит, а тие што имаат положено возачки испит да ги управуваат моторциклите и мопеди со носење на заштитен шлем кацига, со почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Посебно до наставниот кадар, упатуваат апел за нагласена едукација за безбедно учество во сообраќајот.

При сообраќајни контроли извршени вчера (31.03.2026) од 11 до 17 часот, СВР Охрид, согласно членовите 297 и 300 од Кривичниот законик, одзеде три мопеди а против возачите ќе поднесе кривични пријави.