Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид со интензивни контроли против организатори на борби со кучиња

Досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но од СВР Охрид апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.
 |  инфодеск  | 

СВР Охрид, презема интензивни контроли на целото подрачје на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните, информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.

„Во текот на октомври 2023 година, извршен е разговор со Б.А.(45) од кичевското село Зајас, поради сомнение дека организирал настан со кучиња  во атарот на кичевското село Букојчани. Известен е надлежен јавен обвинител и  против организаторот ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – вели Димоски.
Инаку, во СВР Охрид досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но од СВР апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.

Според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени.