Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид: Кај Ново село возило излетало до патот, во Велешта одземено просторно нежигосано огревно дрво

Најнови вести од полицискиот билтен.
 |  инфодеск  | 

На 14.11.2024 во 07.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново село, општина Дебрца, патничко возило „сеат” со кичевски регистарски ознаки, управувано од 54 годишно лице од Кичево, излетало од патот. Притоа, сопатничката 72 годишно лице од Кичево се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

На 14.11.2024 во 09.30 часот, при контрола на регионалниот пат Струга – Дебар, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, во паркирано товарно моторно возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, пронајдоа и одзедоа 13,68 метри просторно нежигосано огревно дрво. Одземеното огревно дрво е предадено на претставници на Шумската полиција за натамошна постапка.