СВР Охрид со кампања „Вози тротинет безбедно“

СВР Охрид, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Охрид, ја започна превентивната кампања „Вози тротинет безбедно“, чија цел е зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Полициски службеници од Отсекот за превенција и претставници од Советот за безбедност на сообраќајот на повеќе локации низ градот разговараа со граѓаните кои управуваат електрични тротинети, информирајќи ги за правилата за безбедно возење, законските обврски и новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Во рамки на кампањата, на возачите им беа поделени и едукативни материјали со препораки за правилно и безбедно користење на електричните тротинети.
Целта на активностите е подигнување на сообраќајната култура, навремено информирање на корисниците на тротинети за нивните обврски и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и повреди.
Кампањата се реализира во период кога стапуваат во сила нови законски измени со кои се воведуваат построги правила за управување со електрични тротинети.
Од денеска малолетници не смеат да управуваат електрични тротинети | Портал ТВМ







