Skip to main content

СВР Охрид извршил 1.564 контроли на возила заради подобрување на квалитетот на воздух

Од вкупнo 6984 контролирани возила на ниво на државава, 1.206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
 |  инфодеск  | 

Согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024-2025 година“ и задолженијата, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраѓајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи во изминатиот месец спроведоа засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата.

– Во доставениот извештај до Работната група за чист воздух на Министерството за животна срдина и просторно плнирање, во период од 13-ти декември 2024 до 13-ти јануари 2025 година, од страна на СВР Скопје, СВР Тетово, СВР Охрид, СВР Битола, СВР Велес, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Струмица и МЕБСП се извршени вкупно 6.984 контроли на возила. Во Скопје се направени 562 контроли, во Тетово 367, во Охрид 1.564, во Битола 993, во Велес 546, во Куманово 540, во Штип 1.338, во Струмица 498, а од страна на МЕБСП на патиштата 576 контроли. Од вкупниот број контролирани возила, 1.206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму додаваат дека за реализација на оваа мерка од Акцискиот план Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ангажирале 1.192 вработени.