
Ноќеска, 15 минути по полноќ, 50-годишно лице од Охрид, родител на малолетно дете, пријавило во СВР Охрид дека лице од селото Елшани преку социјални мрежи упатил закани кон неговото дете и кон друго лице, а поради претходни недоразбирања во спортски клуб.
– Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.